Новости

Настани

Зурли, тапани, Македонска песна низ етерот во срцето на градот – Битолската коњаница ГАЛОП го започна ,,Патот на Илинденците”

Негувајќи ја традицијата и оддавајќи почит кон нашите предци, Битолската коњаница ГАЛОП го започна ,,Патот на Илинденците”.

Коњаницата го започна својот пат во склоп на фестивалот со најголема традиција за народни игри и песни ,,Илинденски денови”. Се започна од дворот на Офицерски дом, од каде продолжија по Широк Сокак.


Се слушаа зурли, тапани… Низ етерот во срцето на градот со голема историја, се пробиваа зборовите од добропознатите стихови кои одекнуваа со едно:,,… Народе Македонски… доста веќе, разбуди се…!”

Беше тоа магична и автентична атмосвера што може да извира само од ова парче земја.

Враќајќи се во минатото, битолскиот револуционерен округ бил оној што најповеќе придонел за понатамошниот успех на Илинденското востание, па затоа токму од тука започнува оваа приказна и настан кој ги негува корените. Всушност, приказна која го докажува мотото на овогодинешниот фестивал Илинденски денови:,,Од корените до цветот! ”

 Фото: Диоген Хаџи Коста Милевски

Евротип
SNBROKER
To Top