Новости

Настани

Изложба на визуелната уметница Александра Кокотовиќ во Прилеп

Во Ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп од 26 февруари ќе биде поставена тематска изложба од визуелната уметница од Србија Александра Кокотовиќ насловена „Аrt as a catalyst for social change“.

Кокотовиќ освен како визуелна уметница се изразува и преку сликарството, вајарството, цртежот и графиката, а пред љубителите на уметноста во Прилеп се претставува со дела работени во различна техника.

Александра Кокотовиќ е член на Друштвото на ликовни уметници на Србија и Друштвото на уметници на БиХ. Родена е во Сараево, а живеела во Бејрут, Лондон, Белград и САД. Димпломирала на Accademia del Lusso.

Во март минатата година ја претставувала БиХ на големата интернационална изложба во Дубаи – Art connects women 2020 “Each for Equal”, на која учествувале преку 100 уметници од исто толку земји. Досега има реализирано 24 самостојни изложби во реномирани институции, галерии, музеи и преку 40 групни низ светот.

GOLD
To Top