Новости

Настани

Изложба на дела од Малиот битолски Монмартр во Прилеп

Изложба на дела од Малиот битолски Монмартр ќе биде поставена во Ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“ од денеска од 12.30 часот, па во наредните две недели.

Ќе бидат изложени 25 дела од оваа значајна македонска ликовна манифестација која постои веќе 40 години. Изложбата е во чест на основачот Коста Хаџи Антоновски, кој
веќе не е со манифестацијата на која и го посвети целиот свој живот.

Љубителите на ликовната уметност ќе проследат дела создавани од ликовните амбасадори од целиот свет во Старата битолска чаршија непрекинато четири децении.

Монмартр низ годините блескаше со својата шарена порака за мир, љубов, уметност…. испишана на десетици јазици со безброј нијанси на бои од детските ликовни творби кои
пристигнуваа во Битола. „Монмартр живее за децата, а јас живев за нив“ велеше
основачот Хаџи Антовски.

Евротип
SNBROKER
To Top