Новости

Настани

Конкурс за фотографии за 10-тото јубилејно издание на изложбата „СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА ″

Центарот за европски развој и интеграција од Битола во партнерство со НУ Центар за
култура Битола, со поддршка од Министерство за култура, објавува конкурс за фотографии
за 10-тото јубилејно издание на изложбата „СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА ″ што е дел од програмата на Бит Фест и е поддржанo
од Општина Битола

Koнкурсот ќе биде отворен од 27.06.2021 ДО 25.07.2022

НАГРАДЕН ФОНД:

– ПРВА НАГРАДА: 4000 ДЕН.

– ВТОРА НАГРАДА 3000 ДЕН.

– ТРЕТА НАГРАДА 2000 ДЕН.

– Право на учество имаат сите љубители на фотографијата- аматери и професионалци.
ТЕМА НА КОНКУРСОТ Е „THE ARCHITECTURAL SYMBOLS OF BITOLA “ –
„АРХИТЕКТОНСКИТЕ СИМБОЛИ НА БИТОЛА“

Фотoграфиите треба да се фокусираат на архитектонските обележја на Битола. Овие
обелeжја може да се познати и непознати , нови и стари, но она што е клучен критериум е да
бидат фотографирани од оргинални перспективи.

Реализацијата и на ова издание на изложбата е финансирано и поддржано од SAVA пензиско друштво А.Д. Скопје

Во продолжение погледнете ги пропозициите и техничките специфики:

– Темата на конкурсот спаѓа во категоријата на Architectural photography. Архитектонската
фотографија е фотографска дисциплина каде што примарниот акцент е ставен на
фотографирање на згради и слични архитектонски структури и нивната естетика.

– Фотографијата треба да содржи мотиви или елементи кои недвосмислено посочуваат дека
делото е создадено во Битола.

– Секој учесник може да прати најмногу три фотографии (стручното жири ќе изврши
селекција кои фотографии ќе бидат дел од изложбата)

– На фотографијата да нема потпис , друг дополнително внесен текст или графички елементи.

– Фотографијата да е со минимална резолуција 4000 x 2000 pixels 300 dpi 24 bit depth

– Фотографиите може да се во боја или црно бели.

– Фотографијата да не e постарa од 3 години и да не е претходно испратена на конкурсот „Со
љубов од Битола“

Постапката за учество е следна: 
Спуштете ја на вашиот уред формата за пријавување од следниот линк ПРИЈАВА
Фотографиите со минимална дефинирана големина прикачете ги заедно со пополнетата пријава на електронската пошта cedi.mk@gmail.com ајдоцна до 25.07.2022 год со назнака
ЗА КОНКУРСОТ СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА 2022 .

Од организацијата на конкурсот, нагласуваат дека сите фотографии со големина под 1 МB нема да бидат примени во официјална конкуренција. 

Организаторот е оној кој го превзема трошокот за изработка на фотографиите, а стручното жири ќе изврши селекција на пристигнатите фотографии и ќе направи избор на најдобрите три. Сите учесници ќе бидат информирани дали нивни фотографии ќе бидат дел од изложбата. Победниците ќе бидат соопштени на денот на отварање на изложбата.

Инаку свеченото отварање на јубилејната 10 – та по ред „СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА 2022“ ќе се реалиира во периодот помеѓу 05.08 и 15.08 – 2022 година.

Евротип
SNBROKER
To Top