Новости

Настани

Концерт на „Интерфест-Битола” со Џанлука Кампи т.н. „Паганини на хармоника” од Италија

Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест” вечер продолжува со концерт на италијанскиот уметник Џанлука Кампи, познат како „Паганини на хармоника”.

Кампи научил да свири хармоника на 11 годишна возраст, а на 12 и 13 годишна возраст два пати победува на меѓународниот натпревар за хармоника Варчели кога за прв пат е наречен „Паганини на хармоника”.

-Џанлука Кампи од Италија е на самиот музички врв во светот, дури и најдобар. Насекаде го нарекуваат Паганини на хармониката. Задоволство е што празничниот концерт на „Интерфест” ќе го приреди токму Кампи кој ќе изведе дела од Паганини, Вивалди, Монти, Росини и Штраус, изјави за МИА, Милица Шперовиќ Рибарски, уметнички директор на „Интерфест”.

Џанлука Кампи на своите концерти освен класична музика интерпретира и други аранжмани, танци и танго и ја освојува публиката, посочуваат од „Интерфест-Битола” за Кампи кој освен уметник е и наставник во неколку италијански училишта, а соработува и со конзерваториумот „Николо Паганини”.

Евротип
Евротип
To Top