Новости

Настани

Музичкото трио ConTruDJ најавија голема журка – 15 години од нивното постење

Оваа 2022 година, е година кога музичкото трио ConTruDJ слави 15 години уникатна појава на музичката сцена.

По тој повод, на 15 август, во понеделник во Офицерски дом-плато 2 најавија голема журка.

,,Од првиот настап, пред точно 15 години наметнавме неконвенционален стил. Бевме со Вас во најрадосните мигови кога славевте мали и големи победи, животни пресвртници или потсетници дека млади сте само кога ја слушавте нашата музика.

Зад нас се илјадници пропатувани километри, уште илјадници часови најведра музика на илјада различни сцени на различни географски локации.

Музиката наша, 15 години е чиста среќа…. Зошто? Затоа што Ве имаме сите Вас!” објавија членовите на ConTruDJ на своите социјални медиуми.

Музичкиот настан е најавен за 15 август-понеделник во Офицерски дом-плато 2 со почеток – 20:30 часот

Инаку, бесплатниот голем концерт на ConTruDJ е поддржан од Општина Битола во годинешната програма на БИТФЕСТ.

Евротип
SNBROKER
To Top