Новости

Настани

ОД УТРЕ ВО БИТОЛА САЕМ НА КНИГАТА

Од утре 23ти Јуни, Четврток започнува саемот на книгата во Битола. Истиот ќе се случува на плоштадот Магнолија од 10 наутро до 21 часот.

Битола е култура, Битола е симбол за уметничкиот дострел, негувањето на пишуваниот, литературниот збор.

Во разговор со Јулијана Делев, сопственичка на омиленото битолско книжевно катче ,,Book’s house”, Јулијана ни откри дека на саемот ќе можат да се пронајдат сите вљубеници на книгата. Жанрови и тематики за сечиј вкус!

Делев и книжевното катче, ќе ни ја претстават литературата на издавачката куќа на ,,Сакам книги”, а меѓу останатите издавачи, ќе бидат и ,,Култура”, ,,Три”, ,,Batapress”, ,,Antolog”, ,,Martina”, ,,Едукамак”, ,,Литература” и уште многу други брендови.

 

Најавено е дека на овогодинешниот саем, ќе има екстрапопусти на сите книги, а меѓу другото, ќе имаме прилика да го купиме најновото и најдоброто од сите издавачи.

Саемот на книга завршува на 26ти Јуни, во Недела.

Трендовите се менуваат, одат, се враќаат, па повторно заминуваат, но секогаш едно останува – книгата. А добра книга на вашата полица е исто како добар пријател. Без разлика на се, таа секогаш ќе остане добра за вас!

Евротип
SNBROKER
To Top