Новости

Настани

Отворена изложбата на Слободан Рајчевски

Синоќа во Магазата беше отворена изложбата „КУЌИ ЗА СОНУВАЊЕ И СОНИШТА“ на Слободан Рајчевски.

„Безвременските теми како секојдневие, суштинска посветеност на човекот, слики и доживувања како материјални мисли, длабок одраз на самобитисување и разголеност на сопствената душа длабоко го опфаќа творештвото на Слободан Рајчевски.
На платната на Рајчевски бојата е доминантна, некои се крајно симплифицирани и без перспектива додека другите кокетираат со апсолутно сликарство кое се врзува за субјективно, емотивно и рационално уметничко изразување, кое не следи природни закони на боја, текстура, облик и простор“ – извадок од освртот на м-р Јелена Петровска.

Изложбата ќе трае до 20 септември 2020
GOLD
To Top