Новости

Настани

Отворена изложбата „19“ од Христина Зафироска

Денеска,  16 јули 2021 во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ беше отворена изложбата „19“ од Христина Зафировска, што е поддржана од Министерството за култура во годишната програма за 2021.

М-р Билјана Галоска за изложбата:

Во периодот што измина но и во оној што следи, човештвото се соочува со промени во начинот на живеење предизвикани од пандемијата Ковид 19. Изолацијата, сведувањето на комуникацијата на минимум и системските промени земаакрупни моменти од животот на луѓето, а посебно на младината. Секојдневните информации поврзани со невидливиот противник допираат до нас, влијаејќи на нашето ментално здравје. Светот сеуште војува со пандемијата и се справува со последиците, а се поставува и прашањето,уште колку долго би траело ова?
Академската сликарка Христина Зафировска, преку својот циклус од 19 дела на тема „Ковид“,на апстрактен и сликовит начин ни го прикажува реалното и невидливото со голо око, поттикнатаод промените на животниот тек, настанати од пандемијата. Целиот серијал од 19 епизоди кои се тесно поврзани меѓу себего интерпретира биолошкиот кружен строеж на вирусот, неговото создавање, виреење, проширување и пренесување.
Креативните дела од овој циклус се изработени во акрилна техника – мал формат, симболизирајќи ја микроскопската големина на вирусот,кои се надополнети со мали парчиња кои се пробиваат низ површината. Во кружниот, квадратниот и триаголниот простор со мирни потези нанесени се глатки брановидни и испрекинати линии – патот по кој вирусот се движи, а точкастите сегменти иницираат на циркулацијата и ширењето на вирусот. Во секое дело применет е широк опсег на форми со кои авторката ги паралелизираваријациите на микросветот, а таквиот начин на изразување може да се види и во многу претходни нејзини циклуси и изложби. Кога ги гледаме имагинарните амебовидни и геометриски битиачудесно распрснати низ просторот, се запознаваме со богатата мисла и надреална фантазија на авторката сакајќи да ни пренесе кратка анимирана приказна. Концептот на делата е осмислен и наративен, а просторот рационално искористен. Тоа е постигнато преку взаемна синтеза на топли и ахроматски бои, конкретно компониран цртеж, со што доаѓа до израз графичкиот импулс на уметникот.Преку бојата, формата и начинот за визуелно претставување на делата го следиме уметничкиот стил на Зафировска, кој штозаслужено можеда се категоризира како дел од модернатаапстрактна уметност.
Нејзиниот концентриран фокус покажува кон спремност за експериментирање со нови фантастични облици, кои ќе бидат пандан на фигуративната структура на вирусот кој прерасна во реална закана врз човештвото во 21 век.
БИОГРАФИЈА ХРИСТИНА ЗАФИРОВСКА
Родена во Скопје 1983 година. Завршува средно уметничко училиште на одсек применето сликарство. Дипломира на Факултетот за ликовна уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, на смер-сликарство со графички дизајн. Моментално е магистрант на Факултетот за Дизајн и Мултимедија во Скопје-насока графички дизајн.
2009 година станува член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија.
Таа е една од основачите на уметничката група и уметничкиот простор „Арт И.Н.С.Т.И.Т.У.Т.“ во Скопје, основано 2009 година; исто така е една од основачите и член на уметничката група „МОМИ“ која почнува од 2012 година со активна реализација на проекти низ земјава и Балканот;
Христина Зафировска работи во полето на сликарството, графичкиот дизајн, мозаикот, ѕидното сликарство, инсталацијата, сценографијата, цртежот, фотографијата и видеото;
Активно учествува на локални и регионални проекти, погранични соработки од областа на културата. Дел е од многубројни проекти, саеми на уметност, симпозиуми, фестивали, работилници, групни претставувања на Балканот, низ Европа и пошироко.

GOLD
To Top