Новости

Настани

Преполна сала и овации за концертот на Битолскиот дувачки оркестар

Концертите во Битола, главно се случуваат во викенд кога природно се очекува многу публика. Но, последниот концерт на Битолскиот дувачки оркестар, докажа дека и една обична среда знае да ја наполни Големата сала на Центарот за култура.

Во 90 минутен концерт, во кој се редеа и џез класици за Биг Бенд оркестар и нумери на Френк Синатра, Џејмс Браун и Стиви Вондер во ритамот на фанк и соул, настапи овој возобновен оркестар под диригентската палка на Марјан Бакревски со солистите Тамара Стојковска, Јасна Димитровска и Нико Наумов.

„Долги аплаузи за музичарите и аплаузи на отворена сцена за солистите од овој оркестар кој ја враќа славата на дувачките оркестри и нивните репертоари ни подари публиката, а камбекот на оркестарот по неколкудецениска пауза пред некоја година и концертите кои зад себе ги има, се само доказ дека и надвор од метрополата е возможно функционирање на вакви формации„-изјави Бакревски по завршувањето на концертот.

Евротип
SNBROKER
To Top