Новости

Настани

ПРОГРАМАТА НА БИТОЛСКОТО КУЛТУРНО ЛЕТО ВЕЧЕРВА ЗБОГАТЕНА СО КОНЦЕРТ НА МАРКО ВИДЕНОВИЌ – СЕПТЕТ

„БИТ ФЕСТ“, вечерва најавува концерт на Марко Виденовиќ – септет. Ќе уживате во композиции со битолски приказни, авторски дела на Виденовиќ кои се инспирирани од детството на Виденовиќ и понатамошните години поминати во градот на конзулите.

Концертот е насловен „Bitola stories“ и ќе се одржи вечерва во Офицерски дом во Битола, со почеток од 21:30 часот. Истиот ги содржи програмските композиции „Bitola stories“, „Безистен“, „Рингишпил“, „The town is dead“, „Лечебна“, „Old bazar“, „Драгор“, „Понекогаш на тебе помислувам“, „Around the town“, „Кленовец“.

,,Марко Виденовиќ – септет е составен од професионални музичари кои се редовни членови при Македонската филхармонија и Македонската опера и балет.” – Велат организаторите на овогодинешното Битолско културно лето и посочуваат – Во овој состав членуваат: Марија Јакимовска – флејта и алт флејта, Владимир Лазаревски – обоа и англиски рог, Игор Бакревски – кларинет и бас кларинет, Паскал Краповски – виолончело, Кристијан Кожумановски – контрабас, Благоја Антовски – тапани, и Марко Виденовиќ – виола и пијано.
Како специјален гостин на вечерашниот концерт ќе настапи Никола Ристевски на бас тромбон.”

Евротип
SNBROKER
To Top