Програма по повод патрониот празник на НУУБ„Св. Климент Охридски“-Битола

По повод патрониот празник на нНУУБ„Св. Климент Охридски“-Битола, предвидени се низа настани. Оваа година патрониот празник ќе го прошират со настани по повод „2021 година – 100 години од раѓањето на Блаже Конески“ со што во период од две недели ќе имаат богата програма по следниов редослед:
06.12.2021 (понеделник), 12 часот
– “Роднокрајни автори (мултимедијален ЦД-РОМ) : аудио записи.1“,
раководители на проектот: Гордана Пешевска, библиотекар советник
Ленче Андоновска, библиотекар советник
– Зборник на излагања од 16-та Роднокрајна средба на битолските писатели во Македонија
– Списание “Библиотечен тренд“ (бр.52, 2021 г.)
Промотор д-р Николче Вељановски, библиотекар советник
06.12.2021 (понеделник), 18 часот
Промоција на книгата „Љубомир Трифуновски : персонална библиографија“,
Промотор Љупка Стефановска, етнокореолог
07.12.2021 (вторник) – 18 часот
Мултимедијален настан
Филм „Бесмртноста на Блаже Конески“ – автор Искра Талевска, дипл. професор по англиски јазик и книжевност, ментор проф. д-р Силвана Нешковска
Во холот на библиотеката е поставена тематска изложба на книги на тема
„2021 година – 100 години од раѓањето на Блаже Конески“. Изложбата ќе биде проследена со низа активности во кој ќе бидат вклучени основни и средни училишта.
