Новости

Настани

Промоција на едицијата ,,Шекспир за деца” – Денес во Центар за култура Битола

,,Почитувани родители, на 28.06 во 12 часот во малата сала на НУ Центар за Култура Битола ќе се одржи промоција на едицијата ,,Шекспир за деца” во издание на Арс Ламина. ” – Стои во соопштението на Народниот театар, Битола.

Инаку промоцијата е во рамките на Шекспир фестивалот и преку театарска работилница, под водство на драматургот Билјана Крајчевска и актерката Викторија Степановска – Јанкуловска, преку вежби и драмско читање, децата ќе запознаат многу повеќе за драмите на вонвременскиот автор.

Ова е навистина инвентивна замисла каде преку забавен начин децата ќе се едуцираат, а што се однесува до ,,Арс Ламина” како издавачка куќа, зa кусите наративни и илустрирани верзии на драмите, објаснува дека се прилагодени за помладите читатели:

,,Децата можат самостојно да гo  читаат Шекспр или, пак, со помош на родителите. Исто така, драмите може да се користат и како дополнителна литература во наставата. Лесната нарација и илустрациите во комичен стил со сигурност ќе го привлечат интересот на децата и ќе придонесат за подобар развој на нивните читачки вештини” – велат од издавачката куќа.

Шекспир е нешто што се подразбира како дел од општата култура на секој човек, па ова е одлична шанса, од мала возраст да се запознаат со него.

Влезот е слободен и ова и енаменет за најмладата публилика љубители на пишаниот збор, кои се љубопитни да ги откријат овие приказни, делата на Шекспир и неговата маестралност.

Евротип
SNBROKER
To Top