Новости

Настани

,,САМ ПРОТИВ СИТЕ” – Претстава во Битола која отворено ќе зборува за анксиозноста и депресијата

Анксиозноста и депресијата се повеќе го наоѓаат своето пиедестално место штом се во прашање болестите со кои се соочуваме во 21 век.

Токму и тие се темите за современата драма – претставата „САМ ПРОТИВ СИТЕ“ која ќе ја почести публиката со својата посебна приказна на 07.12.2022 во 19:00часот.

– „САМ ПРОТИВ СИТЕ“ има за цел да ги отвори сите прашања поврзани за анксиозноста и депресијата, кои со години се кријат под тепих и за кои луѓето не сакаат да зборуваат. Преку три индивидуални човечки приказни и судбини, авторите на овој проект ќе ги откријат дел од причините за појавување на анксиозноста, ќе понудат разни начини за соочување и борба со оваа болест и секој од нив ќе излезе како победник со својот невидлив непријател. – Стои во дел од описот за претставата што ќе се одигра во малата сала во Центарот за Култура.

Автор на текстот:Огнен Неделковски (драматург)
Играат: Магдалена Ризова-Черних
Сашо Ристовски
Димитриа Марковски

Евротип
SNBROKER
To Top