Новости

Настани

Светската музичка сензација “PERPETUUM JAZZILE” во Скопје

Еден од најголемите и најспектакуларни вокални состави во светот “Perpetuum Jazzile”,ќе се одржи на 10.02.2023 во Македонска Филхармонија во Скопје.

“Perpetuum Jazzile” е вокален оркестар од Словенија, посебно ценет од страна на светските музички критичари, кој својата интернационална популарност ja стекна со своите јаки ритмови, кои поседуваат богата хармонија, уникатна креативност, позитивна енергија и разноликост на музички жанрови, кои членовите ги создаваат само со своите гласови, пеејќи познати светски хитови од најразлични музички стилови, поп, рок, џез, госпел, блуз, боса нова, диско, фанк, етно…

Нивната музика користи посебен стил т.н. beatbox , кој вклучува импресивен сет на бубњеви, звуци и ритмови, кои се создаваат само со устата. Покрај импресивните вокални изведби, членовите на оркестарот користат раце, нозе и други делови на телото, како би креирале и интерпретирале секакви видови на звуци, како дожд, олуја, слетување на авиони, потоци, извори, бранови и други природни појави.

Билетите за оваа долгоочекувана музичка сензација можете да ги подигнете на следниот линк.

Евротип
SNBROKER
To Top