Новости

Настани

Промоција на онлајн сликовницата „Шарен детски свет“

На 06.08.2019 година (вторник) со почеток во 9 часот во просториите на детската градинка „Пролет“ – Битола ќе се промовира on line сликовницата „Шарен детски свет“ од авторката Васка Јовановска, во издание на Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола и Едука Мак доо – Скопје на јутјуб каналот на Библиотеката.

Проектот настојува да ја сензибилизира пошироката јавност за еднаков третман и пристап на лицата со оштетен слух, говор и вид до јавните институции и јавните добра.

Во рамките на проектот обработени се 13 раскази чија содржина се раскажува и со знаковен јазик.

Сликовницата „Шарен детски свет“ е збирка од 13 наслови, илустрирани драмски текстови, наменети за деца од предучилишна и рана училишна возраст, но и за воспитувачите, наставниците и родителите.

Во овие 13 драматизирани настани се испреплетуваат дијалози и разговори на јазик близок на децата. Ликовите од овие сцени им се блиски на децата. Тоа се ликови од околината, семејството, од животинскиот и растителниот свет. Покрај забавниот, драмските текстови имаат и едукативен карактер. Овие илустрирани драмски текстови придонесуваат да се поттикне имагинативната детска игра, многу значајна во правилниот развој на детската личност.

Проектот е финансиран од Битфест и Министерство за култура.

GOLD
To Top