Новости

Настани

Што кога статуите на Широк Сокак зборуваат? – Детали за нивната работа и професионалност

Овогодинешниот интернационлен фестивал на монодрамата во Битола, навистина го чувствуваме и се докажа како вистински спектакл кој ја носи културата и магијата на едно повисоко ниво. Во градот на конзулите, покрај бројните претстави, монодрами кои сеуште се случуваат над театарските штици, годинава програмата беше збогатена со интересните т. н. статуи кои се поставени на Широк Сокак.

„Деновиве, тука не се шетаа само битолчани, туку имаме и едни ликови, кои ни станаа познати и блиски, па си кажуваме “Здраво”, ликови кои Битола ја направија поинаку убава.“

Инаку, поставени актери – статуи се дел од „Статуафест“, фестивал кој секоја година се одржува во Скопје.

,,На прво место е забавно и интересно бидејќи сме на улица и се трудиме да го задржиме вниманието макар на неколку секунди и да изнудиме насмевка кај минувачите” – рекоа актерите за едно интервју за фестивалот во Скопје, а потоа во истото, открија и детали околу нивната работа:

– Во секој случај е тешко, бидејќи има моменти каде стоиме во стоп кадар, не се помрднуваме и се трудиме да не трепкаме колку е возможно повеќе… Зависи до статуата, зависи до перформансот, зависи до костимот. Не е лесно затоа што работиме со часови, понекогаш по 4 – 5 часови. Поретко кога седиме, во повеќето случаи стоиме, па некогаш тоа исцрпува физички, но сето тоа станува навика.

На прашањето во кој дел од актерската игра спаѓа ова, статуиуте или актерите одговараат дека тоа е повеќе нешто што е физички театар, памтомима… „Има луѓе кои не поминале низ театарско образование, па во секој случај е полесно кога сте запознати со ваквиот перформанс. Кога си професионален во однос на учењето на тие етиди и елементи, можеш полесно да ги имплементирааш истите и да ја збогатиш изведбата.“ – Додаваат актерите кои ни ја разубавија Битола „емитирајќи“ статуи со фантастични костими кои ако не ни кажеа, мораме да признаеме дека ќе помислевме дека се реални.

Битола доживеа и театар на отворено, па организаторите на Интернационалниот фестивал на монодрама заслужуваат голем аплауз за нивната реализирана идеја.

Извор за интевјуто со актерите

Евротип
SNBROKER
To Top