Новости

Настани

12-то издание на Фестивалот на музика од светот од 18-20 септември

Дојдете од 18 до 20 септември на 12-тото издание на ФЕСТИВАЛОТ НА МУЗИКА ОД СВЕТОТ и ќе доживеете лавина од добра музика и добар дух кои денес многу ни се потребни.
Оваа година музиката ќе се спои со актерскиот перформанс, со ритми од сите меридијани, за да потврдиме дека ова е фестивал на музика од светот, но создадени дома.
Програма
18. септември
ПАТЕКИ музичко-актерски перформанс
Камерен оркестар на Битола со солистите Дарко Нешовски, Наде Талевска, Бојан Стојков, Ирена Димовска, Тамара Стојковска
И актерите Анастасија Христова, Здравко Стојмиров, Живко Борисов и Никола Стефанов
Режисер – Јован Ристовски
локација – Хераклеа
почеток – 19:30
цена на билет – 200ден
19. септември
ОФФ програма
▪️Интермецо пладневна програма
▪️Порта Џез вечерна програма
20. септември
Владимир Четкар
локација – Пацио
почеток – 19:30
цена на билет – 200ден

Концертите и настаните ќе се одржат по сите протоколи кои се предвидени за вакви настани ☑️
ℹ️ На настаните е задолжително почитување на здравствените протоколи за заштита од КОВИД -19: мерење на температура при влез, носење на маска, дезинфекција на рацете и држење на физичка дистанца.
Организаторот го задржува правото да ги отстрани од настанот лицата кои нема да ги почитуваат протоколите.
⏺ Продажбата на билети ќе започне со официјална најава на почеток на идната недела.

GOLD
To Top