Новости

Настани

BIG BAND репертоар на големиот концерт на Битолскиот дувачки оркестар

Утревечер во големата сала на Центарот за култура, под диригентската палка на Марјан Бакревски пред битолската публика ќе настапи возобновениот Битолски дувачки оркестар кој од 2015 година изненадува со интересни тематски репертоари на своите настапи.

“Џез, фанк и соул звуци со познатите хитови на Џејмс Браун, Френк Синатра и Стиви Вондер, над 20 музичари на сцена и солистите Нико Ѓоргиевски, Јасна Димитровска и Тамара Стојковска, се интересен избор за концерт кој некако ќе ги најави предпразничните настани. Се надеваме дека со овој концепт ќе освоиме аплаузи од публиката”-истакна Марјан Бакревски кој е иницијатор за обновување на овој оркестар, кој иницијално започна со работа во 70-тите години од минатиот век, но згасна повеќе години и неговото возобновување е навистина значајно.

 

Бакревски, кој зад себе има звучни дипломи од Бостонскиот Конзерваториум за Музика (Boston Conservatory of Music), од Моцартеум во Салзбург, Австрија каде што се усовршува со професори од виенската и берлинската филхармонија, концертирајќи со различни ансамбли во Салзбург и оркестри низ Виена, заокружува една лична се враќа европска музичка приказна, враќајќи се во Битола каде што работи во Државното Музичко Училиште во Битола и го возобновува Битолскиот дувачки оркестар со кој активно работи и денес.

Концертот, да посетиме е на 30 ноември и почнува во 20.00ч во Центарот за култура во Битола.

Евротип
SNBROKER
To Top