Новости

Театар

Битолчани ги освојуваат театарските фестивали во земјата и странство

НУ Народен театар Битола одлично  се претстави на  МТФ „Војдан Чернодрински„ со претставата „Бакхи-краток преглед на распадот„од Еврипид во режија на Игор Вук Торбица. Оцената на публиката беше следната: битолчани имаат силен„коњ“ во трката за награда на овој Фестивал.

Следно гостување на битолскиот театар е  Театарскиот маратон во Сомбор кој по 27 пат го организира Народното позориште од Сомбор и ќе се одржи од 13 до 15 јуни 2019. НУ Народен театар гостува со претставата „Но(е)ва Македонија „ која е работена по текст на Кокан Младеновиќ, драматургот  Билјана Крајчевска и актерите . Претставата ќе се одржи на 14.06.2019 (петок) .Претставата претставува ангажирана општетствена сатира која има за цел да ги истражува механизмите на политичката грандоманија, манипулација и злоупотреба на историоските документи и факти. Премиерното прикажување на претставата беше на 31.07.2018 г.

Во претставата играат : Огнен Дранговски, Валентина Грамосли, Сандра Грибовска, Ангела Димитрова, Катерина Дранговска, Борче Ѓаковски, Мартин Мирчевски, Никола Пројчевски, Петар Спировски, Викторија Степановска-Јнкуловска, Никола Стефанов и Лина Чоревска. Режијата е на Кокан Младеновиќ, сценографија на Валентин Светозарев, костимографија на Благој Мицевски, сценски движења на Андреја Кулешевиќ, композитор , Ирена Поповиќ, асистент на режија Јовица Ристовски.

Јули и август се секако резервирани и за други гостувања на битолскиот ансамбл и тоа на 25. Јули на Охридко лето со претставата „Бакхи-краток преглед на распадот „ во режија Игор Вук Торбица .

И истата претстава  на 10 август 2019 год. Гостува на Фестивал „Град театар Будва , . Оваа манифестација се одвива во текот на летниот период во Будва , под покровителство на Општина Будва. Од своето основање во 1987 год. , овој Фестивал го обновува медитеранскиот дух на Стариот градна секој од неговите кој се претвора во сцена на отворено на кој и посетителите и случајните минувачи стануваат учесници во уметничкитечинови. Фестивалот секоја година го посетуваат околу 15 000 посетители.

„Бакхи-краток преглед на распадот„ е претстава што е сложена и деликатна , во која се меша хуманото и митското. Претставата премиерно беше изведена на 09.05.2019 г. А играат: Маја Андоновска- илијевски, Огнен Дранговски, Соња Михајлова , Иван Јеррчиќ, Илина Чоревска, Мартин Мирчевски, Васко Мавровски, Викторија Степановска-Јанкуловска, Валентина Грамосли, Петар Спировскли, Сандра Грибовска, Анастазиа Христовска. Режијата е на Игор Вук Торбица, , сценнографијата на Валентин Светозарев , костими, Благој Мицевски, Дизајн на музика , Александар Димовски.

Но тука не завршуваат ангажманите на Битослкиот народен театар . Именно во тек е подготовката на 7 миот по ред „Битола Шекспир Фестивал „ кој започнува од 23 јуни и ќе трае до 28 јуни. Битола за време на овој Фестивал ќе дише во духот на Шекспир . И секако вредно е да се напомене дека  забрезано се подготува нова премиера која  се планира да биде во текот бна втората половина од јули.

GOLD
To Top