Новости

Битола инфо

(Галерија) „Доктор Фауст“ – последната премиера за годинава на битолскиот театар

Народниот театар Битола оваа година ќе ја заврши со претставата „“Доктор Фауст“ во режија на Андраш Урбан кој после 4-годиѓна пауза се враќа во битолскиот театар. Деветтата премиера на битолскиот ансамбл ќе се одржи утре и задутре, а ќе може да ја гледа публика на возраст над 16 години. Претставата се бави со човекот, со животот на сите оние кои живееме на овие простори, односто моролат во христијанската етика и искушението помеѓу начиниот на решенијата, помеѓу судирот на доброто и злото.

-Во претставата користам специфична сценографија со цел да прикажам еден дел од животот на д-р Фауст или едно друго размислување за неговиот живот. Претставата не е политички мотивирана и се занимава со човекот на овие простори и со неговите расудувања за различни теми, рече режисерот Урбан, познат на публиката и по претставата „Хамлет машина“, која исто така ја режираше во Битола.

Во претставата настапуваат 12 актери, Борче Ѓаковски, Викторија Степановска Јанкуловска, Елена Моше, Иван Јерчиќ, Илина Чоревска, Маја Андоновска Илиевска, Марјан Ѓоргиевски, Никола Пројчевски, Петар Спировски, Сандра Грибовска, Соња Ошавкова и Соња Михајлова.

 

 

 

Евротип
SNBROKER
To Top