Новости

Театар

Горан Трајкоски го затвора Фестивалот на монодрама во Битола

Со концерт на театарска музика на композиторот Горан Трајкоски, „На светов убавина“, вечерва свечено ќе биде затворено 19-то издание на Интернационалниот фестивал на монодрама во Битола.

Пред почетокот на концертот ќе бидат доделени Гран-при наградата и останатите награди кои ќе им ги додели Интернационалното жири кое работеше во состав: актерот и професор Атила Клинче, театрологот Нина Мазур од Германија, актерката Паулет Смит од Холандија, Игор Џамбазов и претседателот на жирито, драматургот, професор и колумнист Емре Ердем од Турција.

На фестивалот учество зедоа монодрами од повеќе земји меѓу кои: Германија, Естонија, Хрватска, Полска, Холандија, Русија, Словенија, Израел и Македонија.

Селектор на фестивалот е актерот Петар Мирчевски, организатор е Центарот за култура Битола, а фестивалот финансиски е поддржан од Министерството за култура.

 

 

Евротип
SNBROKER
To Top