Новости

Театар

Гостување на НУ Народен театар Битола во Н.Р.Кина

НУ Народен театар Битола има по втор пат можност да гостува во Кина .

Во октомври 2014 год. учествуваше на Интернационалниот Фестивал на театарски класици во Пекинг, со претставата „Хенри VI„ од В.Шекспир .

Оваа година од 05 до 18  ноември,  битолскиот театар ќе гостува на повеќе сцени со претставата „Детето сонува„ од Ханох Левин , во режија на Итаи Дорон , режисерот од Израел .

Од 05 до 12 ноември 2019 год. гостуваат во театарот Shanghai Culture Squer .

Потоа од 12 до 18 ноември гостуваат во Пекинг.

Вкупно претставата „Детето сонува„ ќе се одигра 6 пати.

Директорот Иван Јерчиќ за гостувањето вели:

Да се пишува еден ваков текст во годината во која нашиот домаќин Н.Р. Кина слави 70 години од своето формирање како современа држава а притоа станува збор за една од најстарите светски цивилизации е огромна привилегија но и одговорност во исто време. Поводот за тоа е исто така во голема мера значаен.

Ова не е прво гостување на Битолскиот театар во Н.Р. Кина но е најголемото на еден Македонски театар на Кинеска почва. Овој пат доаѓаме со комплетна екипа, сценографија и костими, гостуваме во два града, ја играме Детето сонува неколку пати… Вложивме големи напори да го организираме сето тоа, ќе вложиме уште поголеми за да ја претставиме нашата земја достојно.

И да му го честитаме роденденот на нашиот Битолски најубаво што може.

Огромна благодарност до нашите домаќини кои ја препознаа нашата заложба да правиме современ театар кој може да кореспондира со публиката на различни меридијани и не поканија да ја покажеме нашата уметност.

Благодарност до Ју, Итаи, Омри, Владо, Рената, Ивана за нивните заложби ова гостување да се оствари. И се разбира до Министерството за Култура на Република Северна Македонија на чело со господинот Хусни Исмаили за огромната поддршка.

Се надевам дека ова е само продолжување на еден континуитет во соработката помеѓу нашите две држави. Во иднина уште подлабока и уште побогата.

 

 

 

Автор – Ханох Левин

Режисер – Итаи Дорон

Сценографија и визуелно уредување – Омри Розенблум

Костимограф – Благој Мицевски

Светло-мајстор – Лиор Мајтал

Оригинална музика – Томер Ранбиновиц

Тон-мајстор – Александар Димовски

Драматург – Билјана Крајчевска

Превод – Снежана Крајчевска Плушковска

Реквизита – Спасе Петрушев

Инспициент и снимател – Димитар Михајловски

Сценограф-советник – Валентин  Светозарев

Преведувач на проби – Ана Грамосли

Играат:

Катерина Аневска Дранговска

Огнен Дранговски

Борис Чоревски

Ангел Мицевски

Марјан Ѓорѓиевски

Петар Горко

Соња Михајлова

Борче Ѓаковски

Соња Ошавкова

Петар Мирчевски

Никола Стефанов

Анастазија Христовска

GOLD
To Top