Новости

Театар

ДАФ Кочани со подарок за битолскиот народен театар – портрет од Горан Стефановски

Претседателот на Драмскиот аматерски фестивал Кочани, Дарко Јан Спасов на Народниот театар Битола им го подари портретот на најпознатиот македонски драматург, Горан Стефановски кој почина минатата година во ноември на 66-годишна возраст.

Во Народниот театар Битола се поставени девет од драмите на Горан Стефановски.

Спасов истакна дека оваа институција е најдоброто место за овој портрет бидејќи Горан своите белешки ги започнал токму тука, додека татко му бил директор на битолскиот театар.

Во рамките на Битола Шекспир Фестивалот драматургот Билјана Крајчевска ја промовираше книгата „За милоста – размислувања на Шекспир“ од Питер Брук чиј издавач и преведувач е Спасов.

GOLD
To Top