Новости

Театар

„Девојката со жиците“ на „Подвижен музички театар“-Битола наградена во Нови Сад

Драмската опера „Девојката со жиците” на „Подвижен музички театар”–Битола (Moving Music Theatre-Bitola), копродукциски проект со Словенечкиот националниот театар, СНГ-Љубљана, во режија на битолчанецот Марјан Нечак, ја освои втората награда на 45. меѓународен фестивал на алтернативен и нов театар „Инфант 2018“ што се одржа во Нови Сад.

Според образложението на стручното жири, наградата е доделена за најоригинално истражување на еден од сегментите на театарскиот јазик, а Марјан Нечак со својата анализа и синтеза во претставата создал специфичен и универзален јазик, јазикот на музиката, посочуваат Весна Драгојлов, Јелена Миловиќ и Иван Правдиќ, членови на жирито.

Како што информираше МИА, премиерата на „Девојката со жиците“ неодамна беше изведена на меѓународниот Драма фестивал во Љубљана, а во претставата, Нечак соработува со текстописецот Ана Бунтеска, Дарја Доминуш-преведувач и драматург, Наташа Филиповиќ костимограф и со фотографот Петер Ухар.

Во драмската опера за една виолинистка, која патува со воз низ Европа трагајќи по подобро утре настапуваат хрватските актери Барбара Церар и Урош Фурст, а кореограф е Жиган Крајчар.

На фестивалот „Инфант“ во Нови Сад годинава беа изведени 11 претстави од Франција, Израел, Шпанија, Словенија, Македонија, Унгарија, Русија и од Србија, изјави за МИА, режисерот Марјан Нечак.

GOLD
To Top