Новости

Театар

Заврши шестото издание на Битола Шекспир Фестивалот

Во саботата заврши шестото издание на Битола Шекспир Фестивалот кој се одржуваше од 23 до 30 јуни. Од Народниот театар Битола фестивалот го оценија како успешен со најголем број претстави, дванаесет, а годинава се зборуваше дури на десет јазици на сцената на НТБ.

„Она што го направи фестивалот посебен е токму програмата во која можеше да се најдат буквално претстави за сечиј вкус,имавме претстава за најмладите,а за прв пат сонетите на Шекспир беа изведени на акапела концертот предводен од Полската мега ѕвезда  Станислав Сојка. Она што е важно дека низ Битола во осумте фестивалски денови поминаа околу четиристотини уметници од Казахстан, Израел, Полска, Романија, Хрватска и Ц.Гора.Околу 2400 луѓе ги  погледнаа претставите во текот на фестивалот а секако најголема заинтересираност имаше за претставите на нашите пријатели од регионот Хрватска и театарот Гавела со нивниот ,,Кралот Ричард трети,,  и Црногорско Народно позориште со ,,Зимска Бајка“.

За нас како тетарска куќа беше многу значајно присуството на еден од најзначајните театарски режисери во Европа Андреј Жолдак кој во текот на фестивалот беше тука за да се запознае со нашиот ансамбл и слободно можам да кажам дека беше воодушевен,како што тој вели од искреноста и талентот на екипата.Со него сме во преговори да работи наредната театарска сезона, истакна Илина Чоревска, уметнички директор на НТБ.

Јули за битолскиот театар ќе биде работен, на крајот на јули ќе ја имаат претпремиерата на ,,Но(е)ва Македонија“, авторски проект на режисерот  Кокан Младеновиќ.

GOLD
To Top