Новости

Театар

Мартин Велковски потпиша четиригодишен договор со Еурофарм Работник

Ракометниот клуб Еурофарм Работник продолжува да се засилува за следната сезона 2019/20. Вицешампионот на Македонија денес договори уште еден репрезенттаивец, откако потпиша четиригодишен договор со Мартин Велковски.

Десниот бек доаѓа од Металург и ќе биде четврто засилување по Митревски, Маџовски и Ратајац. Велковски е ракометар кој има искуство од настапи во Лигата на шампионите и СЕХА лигата и ќе биде од голема помош за Еурофарм Работник. На оваа позиција во екипата се уште и Стјепановиќ и Михајло Петровски.

Еурофарм Работник за неполна една недела ќе ги започне подговотките за новата сезона, а предвидено е да бидат доведени уште неколку засилувања.

GOLD
To Top