Новости

Театар

Народниот театар од Битола ќе гостува во Ерменија

Народниот театар од Битола во периодот од 01.11. до 05.11.2018 ќе гостува во Ереван во Р. Ерменија на Интернационалниот Театарски Шекспир Фестивал, каде ќе одигра две претстави.

Првата претстава „Антоние и Клеопатра“ во режија на Џон Блондел, во рамките на фестивалот се игра на 02.11. во градот Ѓумри, втор град по големина и најважниот културен центар во Ерменија. Следниот ден на 03.11. Народниот театар од Битола ќе игра во Ереван со претставата „Отело“ во режија на Диего Де Бреа.

GOLD
To Top