Новости

Театар

„Но(е)ва Македонија“ – најновата премиера на Народен театар Битола

Битолскиот театар утревечер на матичната сцена премиерно ќе ја изведе претставата „Но(е)ва Македонија“  чиј режисер е гостинот од Србија, режисерот Кокан Младеновиќ.

Авторскиот проект „Но(е)ва Македонија“ претставува ангажирана општествена сатира која има за цел да ги истражи механизамите на политичката грандоманија, манипулација, злоупотребата на историските документи и фалсификување на историските факти, што се во интерес на одредена група луѓе.

-Овој тим на Битолскиот театар е еден од најдобрите со кои некогаш сум работел. Многу сум горд од начинот на кој ансамблот го носи сценскиот безобразлук, од таа бучна комедија на почетокот ја носат до сериозна драма, потполна пропаст.  Нашите истории се паралелни, нашите животи се паралелни, се менуваат само имињата на оние кои ги водат нашите држави. Но, ние сме навикнати политичките елити да не го претставуваат народот, туку самите себе и крупниот капитал. Сервираат идеи од кои страдаат само невини луѓе, а ним им е се подобро и подобро, истакна Младеновиќ.

„Направивме претстава кој говори против човечката глупост,против извитоперените политички системи.Живееме во време во кое инстант го прифаќаме она што ни го сервираат, правиме идоли од глупави луѓе,не мислиме со своја глава,не читаме книги,па дури ако сакате и не љубиме.Живееме секојдневие исполнето со политика и квази уметност.Оваа претстава е сатира на первертираното општество во кое всушност не живееме ами дишеме на шкрги баш како во потоп,кој треба еднаш се да однесе за да можеме да започнеме одново.Одново во некоја Но(е)ва сервирана лага.

На крај морам да споменам дека сум горда на  актерскиот тим кој работеше на претставата кој освен режисерот Кокан Младеновиќ и драматургот Билјана Крајчевска се јавува и како автор на поголемиот дел од текстовите и слободно без никаква лажна скромност можам да кажам дека ние сме единствениот театар во Македонија кој може да направи ваква значајна претстава каква што Ноева Македонија несомнено ќе биде“, истакна уметничкот директор на Народниот театар Битола, Илина Чоревска.

Драматургот Билјана Крајчевска се јавува како автор на поголемиот дел од текстовите.

Тимот кој работеше на претставата:

Режисер: КокаНое МладеНоевиќ

Драматург: БилјаНоа КрАркајчевска

Сценограф: ВалеНоентин СветоШарев

Костимограф: Благој Шара- МицеНоевски

Сценски движења: АркАндреја КулеНоешевиќ

Композитор: ИреНоа ШароПоповиќ

Асистент на режија: ЈоваНое АркаРистовски

Играат :

AркаНевска- ДрангоНоевска КатАркина

ШарГрамосли ВалеНоентина

ШараГрибовска СандрAрка

ДимиНоетрова АркАнгела

ДрангоНоевски ОгНоен

АркоЃаковски Борчерат

AркоМирчевски ШарМартин

ШараПројчевски Нoeкола

СпироНоевски ПетAркар

СтепаНоeвска- ЈанкулНоевска ВикАркоторија

СтефаНоeв Нoeкола

ЧореШаревска Ноелина

Светло мајстор: ИлиНое ДимоНоевски

Тон Мајстор: АлексаНоедар ДимоНоевски

Инспициент: ШарМирослав ЛазАркаевски

GOLD
To Top