Новости

Театар

Премиера на претставата за деца „Си беше еднаш во иднината“ во Народниот театар Битола

После 25 години, во Битолскиот народен театар ќе биде изведена претстава за деца. Се работи за претставата „Си беше еднаш во иднината“ по текст на Сашо Кокаланов, а во режија на Срѓан Јаниќијевиќ. Директорот Иван Јерчиќ потенцираше дека претставата е финансиски поддржана од Министерството за култура.

-Се надевам дека во исто време децата ќе ги забавува и ќе ги едуцира, а родителите ќе ги насмее слатко или горчливо и ќе ги замисли пред проблемите и предизвиците кои ги нуси новото време, рече Јерчиќ.

Уметничкиот директор, Лина Чоревска истакна дека мора да се насочат и кон младата публика.

-Ниту еден режисер и драматург нема дојдено со предлог да работи детска претстава. Тоа говори за тоа колку немаме однос за најмладата публика која мораме и треба да ја едиуцираме за претставите кои следат, рече таа.

Авторот на текстот, Кокаланов ја опишува „Си беше еднаш во иднината“ како претстава за борбата на новите генерации да ги исправат грешките на претходните. Претставата е за деца, но и за возрасни. Во неа станува збор за две деца. Едното изгубило се во животот и е пресреќно, другото има се во животот, а е многу несреќно, објаснува режисерот Јаниќијевиќ.

-Ова е претстава која што мнхогу кажува какви сме ние возрасните. Ќе кажеме – во мое време не се враќавме дома, цело време бевме на улица, трчавме, игравме, а сега не можат да излезат од дома. Да, седат пред компјутер, затоа што ние им ги сековме дрвјата, ние им ги уништивме игралиштата каде што треба да си играат и ние изградивме паркинг простор на тоа место. Наша е одговорноста зошто се децата такви. Кога им кажуваме дека играат премногу на мобилни или видео игри, ние им ги даваме да бидат мирни. Одговорноста е наша, вели Јаниќијевиќ.

Премиерата на претставата е закажана за 6 декември.

GOLD
To Top