Новости

Театар

Прилепскиот театар гостува во Радовиш со „Ништо без Трифолио“

Театарот „Војдан Чернодрински“ в понеделник 25.3.2019 гостува во Радовиш, каде пред љубителите на театарот, во Домот на културата во овој град од 20.00 часот ќе ја прикаже претставата „Ништо Без трифолио“ во режија на Коле Ангеловски.

Радовишани ќе можат да се насмеат, расположат со веселата урнебесна комедија на забуни, грешки и љубовни сплетки. Ќе ја проследат современата и инвентивна постановка на ова култно дело, денес поактуелно од кога било.

Во среда пак, на 27 март на Светскиот ден на театарот, театарот ќе ја изведе претставата „Пиреј“ во режија на Љупчо Ѓоргиевски, кога и ќе бидат прочитани светската и македонската театарска порака.

GOLD
To Top