Новости

Театар

Прилепскиот театар со „Клетници“ утре гостува во Струмица

Театарот „Војдан Чернодрински“ со претставата „Клетници“ по Виктор Иго, во режија на Мартин Кочовски, утревечер (сабота 8 септември во 20.00 часот) го отвора 26 –то издание на Фестивалот на камерен театар во Струмица, на кој педесетина актери од десет претстави од Македонија и странство ќе се натпреваруваат за единствената награда за високо актерско остварување.

„Клетници“ е претстава за правдата и човештвото.

Податоци: 

Автор : Виктор Иго

Режија : Мартин Кочовски

Автор на драмскиот текст – Горјан Милошевски

Драматург – Владимир Ѓорѓијоски

Идеи за приказната – Мартин Кочовски, Владимир Ѓорѓијоски, Горјан Милошевски

Костими, сценографија и диајн на светло – Јулијана Војкова Најман

Музика – Фолтин (Славчо Јовев, Бранислав Николов, Пеце Трајковски, Гоце Јованоски)

Играат: 

Аница Бебиќ, Илија Волчески, Надица Дојкоска, Владимир Ѓорѓијоски, Димитар Ѓорѓиевски, Марија Сприкоска Илијеска, Исидор Јованоски, Андон Јованоски, Катерина Чакмакоска Клинчска, Ангела Наумоска, Михајло Миленкоски, Ирена Мирческа, Димитрина Мицкоска, Александар Степанулески, Сара Спиркоска, Здравко Стојмиров, Милан Секулоски, Игор Трпчески, Александар Тодески, Најдо Тодески, Марјан Чакмакоски, Виолета Чакарова, Цветанка Чавлеска, Димитар Црцороски, Евгенија Јакимоска

Дизајн на плакат : Филип Јованоски

Текст од Авторот на драмскиот текст и асистент драматург – Горјан Милошевски

GOLD
To Top