Новости

Театар

Работно во НУ Народен театар Битола и во летниот период

По традиција, последниве години, jули е доста активен за НУ Народен театар Битола, па така е и годинава. На 25.07 се дел од Охридско лето со ,,БАКХИ – КАРАТОК ПРЕГЛЕД НА РАСПАДОТ”, потоа премиера на 30.07 на ,,АВГУСТ ВО ОКРУГОТ ОСЕЈЏ” на матичната сцена, за на 10.08 повторно со ,,БАКХИ” да ја освојат Будва на фестивалот Град Театар Будва.

Бакхи – Краток преглед на распадот

Режија: Игор Вук Торбица
Драматург: Билјана Крајчевска
Сценограф: Валентин Светозарев
Костимограф: Благој Мицевски
Асистент на режија: Јован Ристовски
Дизајн на музика: Александар Димовски

Играат
ДИОНИС- Маја Андоновска – Илијевски
ПЕНТЕЈ- Огнен Дранговски
ТЕЈРЕСИЈА – Соња Михајлова
КАДМО –Иван Јерчиќ
АГАВА – Илина Чоревска
ГЛАСНИКОТ – Мартин Мирчевски
СЛУГАТА – Васко Мавровски
ХОРОВОДЕЦОТ – Викторија Степановска – Јанкуловска
ХОРОТ НА БАКХИТЕ
Валентина Грамосли
Петар Спировски
Сандра Грибовска
Анастазиа Христовска

Светло мајстор: Илија Димовски, Горан Петровски
Тон мајстор: Николче Терзиевски
Специјални ефекти, шминкер и фризер : Сашо Мартиновски
Инспициент : Мирослав Лазаревски
Фотограф: Александар Буневски

Бакхи – Краток преглед на распадот

Меѓу преостанатите и сочувани грчки трагедии на Еврипид, Бакхи се издигнува заради неколку тематски и формални причини, но можеби најважна е таа што Бакхи -те ја содржат алузијата на театарот сам по себе и фактот дека тие говорат за неговата скриена моќ и нашето цивилизациско сознание:моќта на раскажување приказни.

Можеме да кажеме дека Бакхи се прапочеток на „метатеатарскиот” текст.

Овој текст е длабока загатка за релативноста и променливоста на нашиот идентитет. Студија за тоа во што го препознаваме божественото, истовремено и потсетник дека тоа, „божественото” доаѓа во облици коишто не сме спремни да ги прифатиме и да ги препознаеме.

Бакхи не е текст што јасно ни ја отвора поделбата на протагонист – антагонист, текст кој повлекува линија помеѓу доброто и злото, туку нè потсетува дека овие опозиции се создадени и форматирани од човекот, односно човекот, со својата способност за дефинирање и разложување (анализирање), не е во можност да ја разбере вистинската природа на појавната стварност.

Но, можеби најинтересното прашање со кое се занимаваме во нашата претстава е: зошто нашиот идентитет, наместо во вредностите кои ги делиме и за кои се бориме, пред сè е конституиран „со она другото” – непријателство спрема „надворешниот противник”? Дали на тој начин криеме дека вистинскиот „непријател меѓу нас – сме самите ние?”; дека сме вистински странци на себе си и едни на други, односно дека ништо не нè саботира повеќе отколку општествените препреки коишто самите си ги наметнавме.

Игор Вук Торбица, режисер

Ова не се само Бакхи на Еврипид, ова се и нашите бакхи, што знаат дека театарот е најсубверзивното оружје измислено од човечкиот ум. Тој е оној театар што ја конституира јавноста (публиката). Театарот што стана место за преиспитување на општеството и себеси, театарот што не е забава, туку театар што се бори. За ослободување.

А, се бори за која слобода? За онаа одамна заборавената, онаа што ја снема откако човекот престана да признава било што, освен својата моќ.

Билјана Крајчевска, драматург

GOLD
To Top