Новости

Театар

Утре „Вардарски пастуви“ во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп

На 2 октомври 2019/ среда/ од 20.00 часот во ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде прикажана претставата „Вардарски пастуви“ на Театар Комедија. Претставата е за скопска маалска банда која седи и не прави ништо. Нивното нефункционирање во средината не се должи на нивната неспособност, туку на нивната инертност и на тоа што не сакаат да се потрудат и да направат нешто повеќе со себе во животот. Се интересираат само за фудбалскиот клуб „Вардар“ и за фудбалот. Во момент на апатија и незаинтересираност, во оглас во весник наоѓаат интересна понуда за работа-машки стриптиз.

Податоци за Вардарски Пастуви според Фул Монти од Симон Буве и Дамите бираат од Ентони Мекартен и Стивен Синклер и скопски урбани легенди Избор на музика, Превод, Адаптација и Режија: Синиша Евтимов Сценографија: Милан Несторов Костимогфрафија: Александар Ношпал Кореографија: Саша Евтимова Играат:

Атанас Атанасовски – Џаро

Валентин Костадиновски- Тино – Брзи

Жарко Димовски – Жица

Илија Илиовски – Касап

Столе Мицов – Лепи

Едмонд Сотир -Роки

Ердоан Максут – Шеф

Жаклина Петровска – Лина

Претставата е наменета за публика над 17 години, пред се заради јазикот, а не голотијата.

GOLD
To Top