Новости

Театар

(Фото) „Измисли го Шекспир“ – работилница за деца

Како дел од Битола Шекспир фестивалот вчера во Фоајето на Народниот театар се одржа работилница за деца „Измисли го Шекспир”. Модератор беше битолскиот драматург Билјана Крајчевска, шминкер – Сашо Мартиновски.

„Ако на децата им дадеме шанса да слушаат, да гледаат, активно да учествуваат – тие без двоумење ќе ја искористат. Најдобар начин да се предизвика детето да чита, да слуша, црта и фантазира е да го проучува Шекспир. Зошто? Затоа што Шекспир на децата им отвора цели нови светови и нови насоки како да постапуваат во секојдневниот живот, социјалниот и личниот. Но тука има нешто многу повеќе од добрите приказни – тука има креативност, фантазија, добро однесување и морал. Стотина цртежи, детска шминка на детските лица, изговарање на тие шекспирови необични зборови и многу научени историски факти за Шекспир“, велат од НУ Народен театар Битола.

фотограф: Александар Буневски

   

 

GOLD
To Top