Новости

Театар

Хуманитарна претстава за Сара „Ништо без трифолио“ во прилепскиот театар

Под мотото за Сара Настеска од Охрид, утречевер (сабота) во 19:30 часот во прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ ќе биде изведена „Ништо без трифолио“ во режија на Коле Ангеловски.

Прилепчани ќе можат да уживаат во веселата комедија, а притоа со купување на влезницата од 100 денари ќе и помогнат на Сара и ќе ја покажат својата хуманост на дело.

Влезниците на билетарата од театарот од 10 – 13 часот и два часа пред почетокот на претставата. Резервации на 076 – 442 – 378.

GOLD
To Top