Новости

Театар

,,АРТУРО УИ ” – Најавена нова претстава на Битолскиот Народен Театар

,,Петок 06.05.2022 е денот кога ќе имаме нова премиера.” – Најавуваат од Битолскиот Народен театар.

Имено, станува збор за претставата „АРТУРО УИ” од Бертолд Брехт, во режија на Ќендрим Ријани чија премиерна изведба ќе се случи на големата театарска сцена „Благој Стефановски-Баге“.

Битолскиот театар е со авангардна естетика, според режисерот Ќендрим и од тука задоволството да се работи токму тука.

Инаку што се однесува до претставата, режисерот ја нагласи нејзината популарност:
„Артуро Уи“ е една од најфамозните на 20-от век, поставувана во многу свестски театри, а сега на мое задоволство и во Битола.

Улогите во „Артуро Уи“, претстава која во целост е изработена според методот на Брехт ги толкуваат: Илина Чореска, Иван Јерчиќ, Никола Стефанов, Хари Михајловски, Валентина Грамосли, Викторија Степановска Јанкуловска, Никола Пројчевски, Сандра Грибовска, Анастазиа Христовска, Александар Димитровски, Петар Спировски и Александар Стефановски.

За финишот да биди комплетен и доживувањето во потполност да ги исполни театарските апетити на публиката стои докажана екипа, па така зад потписот на драматург на претставата стои името на Билјана Крајчевска, асистент на режијата е Јован Ристовски, сценограф Валентин Светозарев, костимограф Благој Мицевски, а композитор Тимор Доми.

Евротип
SNBROKER
To Top