Новости

Театар

Заврши 23-то издание на Интернационалниот фестивал на монодрама во Битола

Избрани од селекторот, актерот Петар Мирчевски, а под покровителство на Министерството за култура, на четири сцени, во седум денови се одиграа триенаесет монодрами од единаесет земји од светот

Фестивал е во организација на Центарот за култура од Битола и секоја година, одново ни открива дека само еден актер сам на сцена носи сѐ.

Стручното жири во состав Бедиа Бегеовска-актерка, Владимир Милчин-режисер и Сашо Димоски-драмски писател ги соопшти наградите на церемонијата која означи крај на фестивалот.

Награда за најдобра режија доби режисерот Иван Лео Лемо за претставата „Вла Вла Влавајланд“, продукција на Театар „Морузгва“, Загреб, Р. Хрватска, во изведба на Еција Ојданиќ.

Наградата за најдобро актерско остварување ја доби Каролин Брнс Кук од Велика Британија за улогата во претставата „А јажето сè уште ѝ е врзано околу стапалата“, по текст на Каролин Брнс Кук, во режија на Колин Ваткис.

Grand prix на фестивалот доби монодрамата “Едит Пјаф“, на театар „Годо“ од Букурешт, Романија, драматизација на „Тркало на среќата“ од Едит Пјаф и „Едит Пјаф“ од Симон Берто, на режисерката и актерка Дениза Абабеи.

Фестивалот има востановено и Наградата од публиката, која се доделува врз основа на оценките кои таа ги давала после секоја претстава.
Оваа награда ја доделува традиционално Општина Битола, а годинава ѝ припадна на монодрамата “Помеѓу” на авторот и актер Ибрахим Миари со најголем број на гласови од публиката.

Во чест на победниците, гостуваше Драмски театар од Скопје со извонредната претставата
„СТРАНЦИ“ која ја воодушеви публиката.

Евротип
SNBROKER
To Top