Новости

Театар

Илина Чоревска и Oгнен Дранговски со награди за високо актерско остварување на фестивалот,,Ристо Шишков”

Актерите Илина Чоревска и Oгнен Дранговски од Народниот театар Битола се добитници на специјална награда за високо актерско остварување за улогите на Катрина и Френк во извонредната претстава ,,Демони”.

Наградата за комплетно уметничко решение и режија е во рацете на Васил Христов за истата претстава. Овие награди за прв пат ги доделува жирито на фестивалот ,,Ристо Шишков” по повод 30-от јубилеј на фестивалот.

Наградата за најдобро актерско остварување на овој фестивал на камерен театар кој вечерва заврши во Струмица пристигна во рацете на актерката Дарија Ризова за улогата на Маша во претставата „Нема да биде крај на светот“ по текст на Аднан Лугониќ, во режија на Нина Николиќ, копродукциска претстава на Македонскиот народен театар, Перипетија продукција-Скопје и Сараевскиот воен театар САРТР- Сараево.

Одлуката на фестивалското жири ја образложи претседателката, ланската лауретка, Звездана Ангеловска, а освен неа, играта на актерите ја оценуваа и актерите Нико Горшиќ и Петар Арсовски.

Инаку претставата,,Демони”, веќе е на репертоарот на Битолскиот Народен театар и истата можете да ја проследите на 19 Септември во 20 часот.

,,Демони” следи приказна што низ автентичен пристап зборува за домашното насилство, длабоките човечки односи, емотивноста, траумите, загубите, љубовта, а нешто повеќе околу доживувањето за неа, можете да погледнете тука.

Евротип
SNBROKER
To Top