Новости

Театар

,,Кротење на фуријата” на Пројковски – Маестрална изведба испратена со овации – Програмата на БИТ ФЕСТ продолжува да воодушевува

Како дел од програмата на Битола Шекспир фестивал во рамките на Битолското културно лето БИТФЕСТ, вчеравечер се одржа претставата „Кротењето на фуријата“ во режија на големото режисерско име Дејан Пројковски во иведба на Градски театар Подгорица, Црна Гора.

Како и останатите пати, претставата на Пројковски, предизвика воздишки од многубројната публика во Битолскиот Народен  театар и уште еднаш ја докажа својата маестралност. Низ специфичен хумор, низ звуците на музиката, сценографијата, светлото и актерската поставеност и игра, апетите на нашата публика беа задоволени во целост што на крај ги награди црногорските актери со громогласен аплауз и заслужни овации.

Режисерот околу претставата, меѓу останатото ќе рече: ,,Како режисер, имам искуства со психолошко сенчење на женските ликови. Ми се чини дека женските ликови се секогаш психолошки попрефинето осенчени од машките; женската смисла мене ми личи на харфа, а машката на гитара, бројот на жиците е различен. Со ова не сакам да им дадам предност на жените пред мажите, во смисла на сензибилитет, зашто знам дека уште од учењето за анимусот и анимата е вообичаено така да се мисли. Нашата задача во театарот е да ги уриваме стереотипите за машко и женско.”

Тоа беше четвртата вечер од Битола Шекспир Фестивал, а вечерва следи уште едно волшебно издание и кореогравска приказна под т.н. Шекспирови закрила во изведба на Imperfect Dancers Company од Италија со „Ромео и Јулија, последните часови“ во 20.00 часот во големта сала во Нардониот театар Битола.

Евротип
SNBROKER
To Top