Маестралната претстава на НТБ ,,Артуто Уи” со 5 награди на фестивалот ,,Војдан Чернодрински” во Прилеп

Педесет и шестиот по ред фестивал ,,Војдан Чернодрински“ кој се одржа во Прилеп, на Народниот театар Битола, му донесе 5 награди.
,,…Ние уште еднаш покажавме и докажавме зошто Битолски театар е еден од водечките театари во нашата држава. ” – гордо велат од НТБ или ние би рекле, од зародишот на театарската уметност во нашата земја.
Стручното жири, во следниот состав: Љупчо Ѓорѓиевски, Бесфорт Идризи и Сотир Трајковски, ги прогласи следниве награди кои доаѓаат во конзулскиот град:
Награда за режија се доделува на режисерот Кедрим Ријани за претставата ,,Артуро Уи“ во изведба на НТБ.
-Награда за женска епизодна улога се доделува на Викторија Степановска, за улогите во претставата ,,Артуро Уи“ во изведба на НТБ.
-Награда за епизодна машка улога ,,Димче Трајковски“ се доделува на Никола Пројчевски за улогите во претставата “Артуро Уи“ во изведба на НТБ.
– Награда за костимографија се доделува на Благој Мицевски за костимите во претставата ,,Артуро Уи“ во изведба на НТБ.
-Награда за музика се доделува на Тимор Доми во претставата “Артуро Уи“ во изведба на Народен театар од Битола.
А за претставата,, Артуро Уи”, ние уште еднаш би потврдиле дека е моќна, силноекспресивна сензација што финишира со громогласен заслужен аплауз и во градот под Марковите Кули.
