Новости

Театар

„Малиџано“ – нова премиера на битолскиот театар

Дали МАЛИЏАНОТО е солено или наблажува, горчливо ли е или со киселкаст вкус, која е неговата вистинска боја?
Едно е сигурно МАЛИЏАНОТО има свој единствен вкус и затоа е толку посебно.
Битолскиот театар денеска ја најави премиерата на МАЛИЏАНО на 21.03 во 20.00 часот во режија на Софија Ристевска, текст на Билјана Крајчевска и документарни материјали на актерите.

Кореограф: Кире Миладиноски
Сценограф: Драган Ангелковиќ
Костимограф: Андреј Папаз Ѓоргиевски

Играат:
Маја Андоновска Илијевски
Никола Пројчевски
Катерина Аневска Дранговска
Соња Ошавкова
Никола Стефанов
Анастазиа Христовска
Живко Борисовски
Валентин Дамчевски

Цената на влезниците за сите премиери е 300 денари, а за сите репризни изведби на претставите по 200 денари.

Евротип
SNBROKER
To Top