Новости

Театар

Народен театар – Битола се претстави на Јоакимфест во Крагујевац со претставата ,,И коњите ги убиваат, зар не?”

Н.У. Народен театар – Битола се претстави со претставата “И коњите ги убиваат, зар не?” во режија на Мартин Кочовски, а по романот на Мартин Мек Кој, на 16тиот по ред Јоакимфест во Крагујевац и беше единствената претстава која своето учество го зеде ” on line ”

И покрај лошите услови при подготовките на претставата, пандемијата и рестрикциите, актерската екипа успеа да се избори со злокобната 2020 и да финишира со маестрален производ, во случајов, и претставата ,,И коњите ги убиваат, зар не?”

,,Не знам што беше посилно… Дали стравот од губење на публиката или стравот и неизвесноста како ќе се вратиме. Во театарот во Битола, луѓето беа навикнати да работат многу, па тоа донесе дополнителни фрустрации. На мое големо задоволство, имав и имам голема поддршка од ансамблот, така што сликата во 2021 година е многу ,,пошарена”. Театарот стана наша терапија и медицина.” – вели Иван Јерчич, директор на Битолскиот Народен театар во разговор со Бранислав Илиќ, а за претставата ,,И коњите ги убиваат, зар не?”, режисерот Мартин Кочовски зборува дека истата во голем дел е автобиогравска, поврзана со неговиот живот и меѓу другото вели: ,,Кога се гледа претставата се гледа чувство на блискост.”

Актерските имиња кои стојат зад претставата што гостуваше во Крагујевац се: Илина Чоревска, Никола Стефанов, Валентина Грамосли, Николче Пројчевски, Викторија Степановска Јанкуловска, Марија Стефановска, Филип Мирчевски, Анастазија Христовска, Живко Борисов, Здравко Стојмиров и Александар Стефановски.

Евротип
Евротип
To Top