Новости

Театар

,,Четири соби” – Претстава работена според делото на Квентин Тарантино во рамките на БИТФЕСТ

Во рамките на Битолското културно лето, на 15Јули во Петок битолчани ќе имаат можност да бидат дел од публиката на претставата „Четири соби“ изработена од народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес.

Инаку претставата е работена според делото на Квентин Тарантино и други автори, а режијата и адаптацијата е на Синиша Евтимов.

Претставата „Четири соби“ е работена според мотиви од сценариото на истоимениот култен филм од 1995 година. Станува збор за четири приказни кои се случуваат во една новогодишна ноќ, сместени во четири различни соби на еден хотел.

Костимографијата и сценографијата: Александар Ношпал,
Музички соработник: Сашко Костов
Улогите ги толкуваат:
Фаик Мефаилоски
Самоил Стојановски
Маја Љутков
Симона Димковска
Зорица П. Панчиќ
Кети Борисовска
Талија Настова
Жарко Спасовски
Исидор Јовановски
Благојчо Стојанов

Претставата ќе се одржи на 15 Јули во Петок во 20 : 00 часот во Народниот театар Битола.

Евротип
SNBROKER
To Top