Новости

Театар

Нова премиера во битолскиот театар – „Мајка“

Народниот театар Битола денеска ја најави својата најнова премиера „Мајка“ која ќе се одржи на 08.04.2022 ВО НТБ во 20 часот.
Пиесата „Мајка“ е оптимално драматуршки функционален текст, со парадоксална структура која лесно се витка (п)од загатката што ни ја поставува авторот преку играта на реалностите (дали настаните навистина се случуваат или се предадени само преку претставата-халуцинација на Мајката, или се случува и едното и другото, или секој од ликовите носи своја претстава за настаните?) со јазик што е лексички едноставен и непретенциозен по смисла. Текстот „Мајка“ остава впечаток дека е напишан со ноншалантност и леснотија поради префинетата духовитост и приемлив ритам на дијалозите, но неговата структура крие прецизна аутопсија на човечкото Јас во областа на секојдневните човечки односи, во кои опстојува смислата на постоењето.

режија: БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ

играат: Соња Михајлова, Петар Горко, Марија Стефановска, Антонио Китановски

превод: Офелија Ковиловска

драматург: Оливера Павловиќ

сценограф: Валентин Светозарев

видео и костим: Благој Мицевски

музика: Александар Димовски

светло: Игор Мицевски

испециент: Димитар Михајловски

суфлер: Мирјана Христовска

видео оператор: Владимир Переловски

*македонска праизведба* 08.04.2022
IMG 0256

Влезници од 06.04.2022 (среда) од 18-20 часот.

Евротип
SNBROKER
To Top