Нова премиера на битолскиот театар – перформансот „Молитва по Достоевски“

Најновиот проект на Народниот Театар Битола е инспириран од делото , животот и филозофијата на двајца светски великани Фјодор Михајлович Достоевски писател и Владимир Семјонович Висоцки поет, кант-автор , музичар и актер.
Премиерата е на 21 и 22 мај од 20 часот, а бројот на публиката е ограничен па затоа е потребна претходна резервација.
Претставата Молитва по Достоевски се обидува да ја обедини и соедини музичката и актерската енергија на групата Фолтин со онаа на актерите Огнен Дранговски и Катерина Аневска Дранговска, катализирана од сценографот Валентин Светозарев и обединета од мотото Убавината Ќе го спаси светот.
Оваа година светот ја одбележува и слави 200 годишнината ( по мислељето на по многу компетентни стручњаци ) на најголемиот писателски гениј на човековата цивилизација –Достоевски.
Каско институција која често пати во својата историја се навраќала на делото на генијот Народниот Театар Битола и овој пат се вклучува во светското одбележување на овој значаен датум. Во формата концерт -претстава покрај цитатите од големите романи
Злостосторство и Казна,
Браќа Карамазови,
Бедни луѓе,
Записи од Мртвиот дом
Коцкар
Песните на Владимир Висоцки
Прозвучуват уште неколку познати музички теми од Булат Окуджава, Ана Герман и други.
Покрај непосредните учесници кои се и автори на проектот во неговата реализација учесвуваат уште и:
Живко Борисовски-Гласот на судијата
Благој Мицевски –костимограф,
Александар Димовски –тонски инжинер
,Горан Петревски и Игор Мицевски светло
Филип Ошавков -Видео
Димитар Михајловски испициент
