Новости

Театар

Ноќта кога ја убив месечината – нова премиера на Битолскиот театар

Премиера на 19.02.2021 на претставата на НТБ – НОЌТА КОГА ЈА УБИВ МЕСЕЧИНАТА
По МОСТОТ од Лорен ван Велтер
Превод од бугарски: Александар Копања
Адаптација и режија: Марјан Ѓорѓиевски
Сценограф: Валентин Светозарев
Костимограф: Благој Мицевски
Кореограф: Валентино Апостоловски
Тон – дизајн: Николче Терзиевски
Светло- дизајн: Горан Петровски

Играат :
АЗ (човек од висока класа): Александар Копања
БУ (човек од средна класа) : Марјан Ѓорѓиевски
Просјакот: Валентин Светозарев
Инспициент: Димитар Михајловски

Мост. Точно на полноќ. Месечина и двајца самоубијци. Случајна или намерна средба? Двата лика застанати на работ на нивното постоење, ги отвораат суштествените прашања за смислата на тоа постоење.
Овој свет патува од психолошка реалност до апсурдна баналност, тој распон е огромен простор, дупка во која пропаѓате и копате во љубовните, семејните, општествените прашања со акцент на извитоперената слика на човекот денес. Капитализмот е на тест. Слободата и демократијата ги злоупотребуваме, живееме во автоцензура и за предвреме се откажуваме од витинското битисување, осамени сме и изгубени трчајќи по лажните вредности. Кој е вистинскиот човек денес? Каков треба да биде? Колку маски ставаме да за да функционираме во изместената реалност, со ничкосани норми?
Стравот за смртта и стравот од тоа вистински да се живее.
Марјан Ѓорѓиевски

GOLD
To Top