Новости

Театар

Почина актерката Јулијана Стефанова, актерка од Народниот театар Битола

Почина актерката Јулијана Стефанова. Јулијана беше позната по извонредниот талент и беше една од омилените актерски имиња. Посебена, шармантна и ,,дива”, Стефанова зад себе остави море одиграни претстави и плејада театарски ликови меѓу кои „Аудиција“, „Аждер“, „Малограѓанска свадба“ и многу други.

Животот на ова големо театарско име згасна на 61 годишна возраст по кратко боледување.

,,Пред неколку часа не напушти еден прекрасен човек, Јулијана Стефанова, актерката која штом ќе се појавеше на сцената веднаш предизвикуваше насмевка на лицата од публиката. Нејзиниот актерски хабитус беше мек и топол, специфичен по тоа со каква леснотија ги правеше работите на сцената. А зад сцената беше уште потопла и голем другар.
Ќе ни недостигаш бескрајно и ќе те паметиме само по убаво! Патувај мирно!” – стои во официјалниот пост на профилот на Народниот Театар Битола.

Евротип
SNBROKER
To Top