Новости

Театар

Премиерата на претставата „И коњите ги убиваат, зар не?’’ на битолскиот театар утре ќе се емитува онлајн

Почитувани, во ова невреме за театар поради ваша и наша заштита, НТБ одлучи премиерата на ,, И коњите ги убиваат, зар не?’’ да ја емитува на својот youtube канал, а линкот ќе биде достапен од 20 часот на 30.12.2020г до 08 часот на 31.12.2020.
Линк кон претставата: https://youtu.be/7z4LeBx11zk
Она што е наша предновогодишна молба до вас е пред почетокот на претставата наместо билет да завртите на бројчињата за донации на нашите сограѓани Лидија и Игор како и малиот Виктор на кои нашата помош им е потребна. Исто така доколку знаете уште некој кому му е потребна донација, а веќе поседува број, во текот на претставата ве замолуваме да го впишете во делот за разговор во живо. Ние искрено се надеваме дека со овој потег ќе ја задоволиме вашата и наша потреба од театар а истовремено годината што доаѓа за некого ќе ја направиме барем малку посреќна!
Броеви за донација:
Виктор Видојевиќ Телеком: 143 181 и А1: 143 462
Лидија Ристевска Телеком: 143 121 и А1: 143 474
Игор Пармаковски Телеком : 143 161 и А1: 143 479

GOLD
To Top