Новости

Театар

Премиера на „Пратеникот“ – Претстава за борбата на емоционалната човечка природа со притисокот на општествениот систем

Во Сабота (утре) на 22ри Октомври во 20: 00 часот, претсатавата ПРАТЕНИКОТ, ќе ја доживее својата премиера на големата сцена во НУ Народен театар – Битола.

„Пратеникот“ е претстава во сопственост, или во продукција на Интимен Театар, како што вели Софија Ристевска Петрушева, името кое се потпишува како режисер. Софија е веќе е докажан бренд кога станува збор за креирање на фасцинантни претстави кои секогаш ја радуваат публиката. Нивната поставеност изобилува со посебна естетика, автентичен занос, нетипичност, изградувајќи маестрални ликови кои преку хабитот на драмското дејство, го опишуваат круцијалниот момент на времето во кое живееме, општетсвото, љубовта како основна парадигма и водилка на целиот емотивен ролеркостер кој само во нејзините претстави можеме да го видиме на сцена.

Како што и зборуваше Ристевска на денешниот прес, и оваа претстава се занимава со т.н. би рекле, отворање на пандорина кутија за чувствата на различните маргинализирани поединци, феминизмот и во своите проекти ги разработува прашањата кои му парираат на оној внатрешен глас кој не интригира сите, а можеби молкум го сокриваме во навидум безначајна перцепција: Како се чувствува жената во општеството? Како се чувствуаат различните луѓе и дали воопшто треба да постојат тие разлики? Дали во ова општество имаме шанса да живееме? Дали има еднакви права за сите? Всушност околу тоа и зборува првиот дел од претставата, кој е тотално авторски на тимот: „За нашите проблми, човекот и хуманизацијата“ ќе истакне режисерката.

-Вториот дел е една љубовна , интимна и социјална приказна за двајца луѓе кои што никако не можат да избегаат еден од друг затоа што се сакаат, а во исто време општеството ги притиска со најразлични емоционални, социјални проблеми. Во првиот дел  е тој т.н. devised theatre, каде што екипата создава едно дело, а вториот дел е поструктуриран, и има некоја линеарна структура. – Вели Ристевска. – Претставата е иницирана од „Народен Пратеник“ на Бранислав Нушич, но тоа беше само основната каписла што не задвижи да ја направиме. Во оваа конотација, Ристесвка се надоврза дека таа не работи со автори, и вообичаено прерабтува текстовите, па така би се рекло дека „Пратеникот“ е составена од ова дела.

Времетраењето на овој нов подвиг на Интимен Театар, ќе биде час и десет минути и токму тие се тие кратки форми што режисерката ги преферира и смета дека се иднината на театарот:

Убедена сум дека долгите форми од типот на три или четири часа ќе отпаднат од возможноста на публиката да ги гледа истите.

Интересно е што екипата на Интимен театар за прв пат претставува композитор, автор на целокупната звучна слика. Тоа е Александар Талевски, соработник на театарот:

– Инспирацијата за музиката доаѓа токму од улогата на актерот. На оној внатрешен крик што го носиме во нас, она што не може и не сакаме да го кажеме и искажиме. Поткрепено со танчерот, се потрудивме да ја „извадиме“ музиката од душа. Истата  се состои повеќе од некоја модерна музика или industrial music што магично и успешно се вклопува во целината.

Борис Богдановски е танчерот во „Пратеникот“, за што Софија истакна дека сакаат да го доловат оној момент каде телото на танчерот соработува со драмските актери, да го пренесат мигот за тоа како тој умее да раскажува историја и како неговите изразни средства и телото можат да соработуваат со вербалниот момент кај драмските актери.

-Богдановски дава една друга поинаква естетика и шанса публиката на еден различен начин да ја толкува „приказната“, што би значело да не ја гледа само линијата, да не го гледа само драмското. Да даде шанса на фантазијата да се движи понагоре и емоциите да бидат подлабоки кон контекстот кој така би успеал да се „усвои“ поозбилно и покатегорично. – Вели Ристевска претставувајќи го Борис како дел од Интимен Театар кој работи во нивната театарска школа за деца како професор по танци за најмладите воспитаници. Имено Борис се заблагодари што е дел од овој проект и тим, се надева на идни соработки, а околу неговото место во „Пратеникот“, ќе забележи нешто што би ја заинтригирало публиката за тоа како тоа би изгледало:

-Мојот лик во претставата е ТРЕТИОТ во нивната врска. Нивните мисли ги пренасочувам во движење и експресија на телото.

Валентин Дамчевски и Катерина Аневска се извонредните докажани актери кои го креираат дејствието, ја носат приказната и го создаваат присуството на она чувство за кое се стреми контекстот на „Пратеникот“:

–  За Катерина и Борис можам да кажам дека се инспиративни партнери на сцена со кои создававме многу исцрпни  сценски решенија. – истакнува Софија.

-За мене како млад актер, Катерина Аневска беше едно своевидно школување кое јас го имав во последните два месеци. – наведи Дамчевски – Би кажал дека оваа претстава ми е еден огромен предизвик поради тоа што до сега не сум работел еден толку екпериментален процес, со комплицирана естетика и тешки психофизички задачи кои што намерно си ги задававме за да можиме да ја изгарадиме токму таа естетика. „Споменик кој што зборува“ е нашиот интерен наслов, а желбата околу создавањето на „Пратеникот“, беше огромна од секој еден учесник. Сигурен сум дека публиката ќе ја прифати со радост исто како што и ние и се радуваме.“

Светло дизајнот е на Горан Петровски кој според Софија, е еден од релевантните фактори за комплетно градење на целината. Како што ни доловија, претствата има помрачна страна, постилизирана, повизуелна естетика и затоа светлодизајнот е скоро на пиедесталното место.

Костимограф на претставата е Валентин Дамчевки, а на прес конференцијата се напомена и уделот на Јасмина Василевски како специјален гостин. Со нејзината виртузност во поглед на креацијата и дизјнот на костимот, Јасмина го „облече“ ликот на танчерот во т.н. драма панталони кои всушност зборуваат за токму тој миг каде костимот работи на човечкото тело.

Шминката е на Стефанија Стојчевска која е задолжена за дополнување на истиот визуелен идентитет на актерите, а фотограф и дизајнер на плакатот е Гоце Веселиновски.

Проектот е финансиран од Министерството за култура.

ПРАТЕНИКОТ е претстава за љубовта во време на либерален капитализам. Претстава за борбата на емоционалната човечка природа, со притисоците на општествениот систем што дехуманизира. Претстава за злото. Претстава за исконската потреба на човекот да доминира, да победува и да покорува. Претстава за тагата и за бесмислата, а во исто време претстава за надежта. „Пратеникот” е емоционално и рационално патување, низ нашите стремежи да бидеме среќни.

Пишува: Елена Трпковска Наумовски

Евротип
SNBROKER
To Top